ВИДЕО: Го преживеал геноцидот во Сребреница - денеска игра за Барселона

Осумнаесетгодишниот Емир Сулејмани има неверојатна животна приказна.

Ова момче од Босна го преживеало геноцидот во Сребреница кога бил бебе. Неговиот татко Неџат Сулејмановиќ бил заробен од босанските Срби, но заедно со уште неколку заробеници по интервенцијата на припадниците на ОН е пуштен. Тој заминал во Финска, а од таму доаѓа и малиот Емир. Тој со своите 204 сантиметри висина веднаш го привлекол вниманието на голем број кошаркарски клубови, а најупорна во намерата да го има за себе била Барселона.

Договорот помеѓу Сулејмановиќ и каталонскиот тим е постигнат денеска, токму на денот кога се одбележуваат 18 години од геноцидот во Сребреница.

Според договорот тој ќе го носи дресот на Барселона во наредните три години.

најчитано сега