Ванг Јанг: Импресионирани сме од бизнис климата во Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше можностите за инвестирање и поволностите кои што се нудат за водење на бизнис во Република Македонија на бизнис форум во Пекинг, кој се одржа во соработка со Фондацијата за инвестиции на НР Кина.

Присутните претставници на кинеските компании дадоа позитивна оценка за презентираните можности за водење бизнис кои ги има нашата земја.

Ванг Јанг од компанијата „Кина камкеи инжињеринг“, кој веќе бил во неколкудневна посета на Македонија и е заинтересиран за развивање на соработка во повеќе области, изрази задоволство од односот на македонската Влада кон бизнис заедницата и добрата бизнис клима.

-Македонија има една од најдобрите бизнис клими за правење на бизнис и верувам дека преку нашиот бизнис партнер Еуромакс и Владата на Македонија може да развиеме многу успешен бизнис. Бев во Македонија пред две недели и имавме импресивно искуство. Бевме таму за два проекти, првиот е од областа на рударството, а вториот е од областа на енергијата кој го развива државата, изјави Ванг.

 
 
26.11.2015 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега