Еве зошто кучето се смета за најверен пријател на човекот

Куче кое го добило прекарот Бабаи што во превод од руски би значело слуга, е само уште еден во низата докази дека кучето е најверниот пријател на луѓето.

Ова куче од Русија стана маскота поради преданоста кон својата "професија". Тој шест години работи во полициска станица, а не ја напушта ни откако е затворена. Кучето бездомник во 2007 година дошло до полициската станица каде полицајците почнале да се грижат за него, а тој почнал да им помага. Лаел на непознати гости, или кога некој делувал сомнително. 

По три години полициската станица била затворена, но кучето не сака ни да се помрдне од пред неа. Тој и денеска секој ден доаѓа на своето "работно место". Возачите често застануваат и му даваат нешто да јаде, но како што пренесуваат руските медиуми, тој живнува само кога во близина ќе види полициско возило.

Дефинитивно кучето е најверен пријател на човекот.

најчитано сега