ВИДЕО: Американски генерал тврди - рускиот авион не беше закана, Анкара провоцира

Поранешниот заменик началник на Генералштабот на војската на САД ТОм Макинерни изјави дека Турција го планирала соборувањето на рускиот авион.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да предизвика судири меѓу Русија и НАТО за да привлече внимание на своите политики во регионот, оценува генералот Макинерни.

„Мислам дека Турците направија сериозна грешка и донесоа погрешна одлука. Радарските податоци покажуваат дека рускиот авион можеби се најде во турскиот воздушен простор само 20-40 секунди. Ако добро сфаќам, рускио авион во моментот кога е соборен летал со брзина од 833-926 километри на час. Тоа е многу мал дел од Турција, авионот летал по курсот од 180 степени, и тоа кон југ - кон територијата на Сирија. Така што, апсолутно е погрешна одлуката на Турција со оглед дека Su-24 помина мал ден во нивниот воздушен простор“, кажува генералот за Fox News.

 
 
25.11.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега