„Фати ме ако можеш" - полицијата уапси жена со помош на Твитер
Шеесетгодишна жена која со години лажела дека е инвалид за да зема пари од осигурителните компании конечно е фатена и тоа со помош на социјалната мрежа Твитер.
Измамничката Ванда Подгурски која пола година била во бегство била случајно откриена од страна на полицијата и тоа преку Твитер, откако таа случајно ја открила својата локација.
Ванда се терети за измама од 650.000 долари, бидејќи земала пари од осигурителни компании, глумејќи дека е инвалид.
Сега таа за делото кое го направила си заработи казна затвор во времетраење од 20 години.