Путин: На пилотот од соборениот авион ќе му биде доделен орден

На пилотот кој загина во соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 на територијата на Сирија, постхумно ќе му биде доделен орден „Херој на Руската Федерација“, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин. 

- На командантот на авионот постхумно ќе му биде доделена „Ѕвезда Херој на Руската Федерација“, изјави Путин. 

Другиот пилот, навигателот на леталото, кој е спасен и се наоѓа во руската воздухопловна база во Сирија, исто така ќе биде одликуван, наведе Путин. 

Тој, како и останатите учесници во спасувачката операција ќе примат државно одликување. Министерството за одбрана веќе даде предлози, рече рускиот претседател. 

„Херој на Руската Федерација“ е највисоко почесно одликување во Русија, установено во 1992 година,  а се доделува за посебни заслуги, лични или колективни подвизи во служба на државата.

Златната ѕвезда е симбол на „Херој на Руската Федерација“

 
 
25.11.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега