Меркел: Направете се за да се избегне понатамошна ескалација

Соборувањето на рускиот авион од страна на Турција го комплицира процесот за пронаоѓање на политичко решение за Сирија и мора да се направи се за да се избегне понатамошна ескалација, предупреди денеска германската канцеларка Ангела Меркел. 

- Ситуацијата дополнително го отежнува соборувањето на рускиот авион, истакна Меркел пред претставниците на Бундестагот, коментирајќи ја ситуацијата во Сирија, пренесуваат германските медиуми.

Таа додаде дека секоја земја има прво да ја брани својата територија, но од друга страна знаеме колку е напната ситуацијата во Сирија и околните области. Разговарав вчера со турскиот премиер и побарав од него да направи се што е во негова моќ во цел на деескалација, изјави германската канцеларка.

 
 
25.11.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега