Обвинетиот за терористичкиот напад на Бостонскиот маратон се изјасни за невин
Денеска осомничениот за терористички напад во Бостон, Џохар Царнаев, кој беше уапсен во средината на април, за прв пат се појави пред судот и се изјасни за невин.
Царнаев се товари за 30 кривични дела, меѓу кои и за убиство на три лица на Бостонскиот маратон и на еден полицаец додека со неговиот брат Тамерлан биле во бегство.
Доколку биде прогласен за виновен може да добие смртна казна.