Шокантна фотографија од Никола Тесла пред неговата смрт

Големиот научник и иноватор Никола Тесла цел живот се мачел и умрел во 87. година од животот во САД, заборавен и сиромашен.

Сите го паметат Тесла како млад изумител со густа црна коса и мустаќи. Често е фотографиран замислен или со некои од своите изуми.

Во текот на животот имал голем број изуми и патенти, но смртта ја дочекал во големи долгови. Тие финансиски проблеми оставиле голема трага на генијот, а тоа може да се види и на фотографијата која е направена пред крајот на неговиот живот.

Никола Тесла починал на 17. јануари 1943 година од срцев удар, односно срцева тромбоза.

По неговата смрт кофчезите во кои се наоѓале документите, дипломите и другите одличја на Тесла, како и неговите лабораториски белешки, се запечатени. Некое време се наоѓале во сопствеништво на роднината на Тесла и единствен наследник Сава Косановиќ. Тој подоцна ова наследство му го поклонил на градот Белград, се со цел основање на музејот на Никола Тесла.

Покрај стотиците изуми, повеќето од електротехниката, 112 пријавени патенти во САД и речиси исто толку во други земји, Тесла починал во долгови.

Тогашниот градоначалник на Њујорк, Фиорело ЛаГуардиа, рекол во последното простување од големиот научник: 

- Никола Тесла умре. Сиромашен. А беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Тоа што го направи е големо, а како што поминува времето, ќе биде уште поголемо.

 

 

 
 
25.11.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега