Ќе ескалира ли конфликтот во Сирија?

Турските сили соборија руски авион во близина на турско-сириската граница, па поради тоа постои опасност конфликтот со голема брзина да ескалира.

Неколку денови по терористичкиот напад во Париз и опсадата на неофицијалниот главен град на ЕУ, Брисел, членка на НАТО собори руски воен авион.

Доколку тоа се случеше за време на Студената воја, најверојатно ситуацијата ќе кулминираше со употреба на нукеларно оружје, пренесува CNN. За среќа, рускиот претседател Владимир Путин не започна војна, туку свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

Сепак не е за потценување изјавата на Путин, кој ја нарече Турција соучесник на теророт и предупреди дека ќе има сериозни последици.

Дали ќе ескалира ситуацијата зависи од состаноците кои оските ќе ги одржуваат во наредниот период.

Инаку граѓанската војна во Сирија започна пред четири години, кога опозицијата се побуни против сирискиот претседател Башар ал-Асад.

 
 
25.11.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега