Иванов на вонредниот самит на претседатели во Загреб

Глобалните безбедносни предизвици, мирот и безбедноста во регионот и проширувањето на Европската унија и НАТО се дел од клучните теми на вонредниот самит на лидерите на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржува во Загреб, а на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на пленарниот состанок насловен: „Дијалогот ЈИЕ – ЕУ – САД“, да учествува на работниот ручек на земјите членки на Процесот Брдо – Бриони“, како и да оствари повеќе средби со учесниците на самитот. 

На самитот, покрај претседателот Иванов ќе учествува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потпретседателот на САД Џо Бајден, претседателот на Австрија Хајнц Фишер, претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ, претседателите на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Република Косово Атифете Јахјага, како и тројцата претседавачи со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ.

 
 
25.11.2015 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега