Демант на директорот на ЈП Паркинзи на Центар Богдановиќ

На денешната прес конференција, директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ ги демантираше информациите за сумата за плата. Директорот изјави дека ќе поднесе соодветна пријава што се однесува до објавениот документ, бидејки како што вели, платата на директорот е далеку пониска од наведената. Износот на примањата на директорот, како и на сите вработени во јавното претпријатие, е утврдена со Правилник за плати, вели тој.

 

- „Во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ од ОК на ВМРО ДПМНЕ-ЦЕНТАР и од сите медиуми вклучени во оваа објава, во спротивно ќе биде поднесена кривична пријава во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.“ – изјави Богдановиќ.

 

 

 
 
21.11.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега