Тројца скопјани во Идризово: Заедно ќе лежат 10 години затвор

Македонската полиција уапси три лица по кои трагала подолго време. Се работи за 31-годишниот Орхан А. кој се барал за издржување на затворска казна во траење од три години и шест месеци за тешка кражба, 25-годишниот Нусрет М. кој се барал за издржување на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ и 42-годишниот Аљи Б. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „кражба“.

Сите тројца се спроведени во Идризово.

 
 
21.11.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега