Драма во Париз: Лежеше во крв, тргнав да помогнам а кога видов кој е...

Среде терористичките напади во Париз кои се случија минатиот петок, еден медицински техничар по име Давид кој им помагал на повредените, се соочил со страшна ситуација. Во кафулето во кое се одигра еден од нападите кои го згрозија и преплашија светот, Давид му пришол на ранет човек кој лежел во локва крв на подот, помеѓу маса и столици, и веднаш почнал со реанимацијата.

- Почнав да го реанимирам. На почетокот ништо не ми изгледаше чудно. Си реков ова е уште еден од повредените и невини лица. Раната беше огромна, се присетува медицинскиот техничар.

Дури откако му ја соблекол блузата за да му помогне, видел дека тој е обвиткан со жици по целото тело.

- Тогаш ми беше јасно, раната беше од експлозија, тој беше бомбаш-самоубиец, вели Давид и додава дека на местото пристигнале возила на Итна помош и откако го виделе терористот извикале, Ајде сите надвор, сите се евакуирани.

Дури тогаш сфатил дека можел да одлета во воздух и самиот обидувајќи се да помогне, бидејќи бомбата била оштетена и не пукнала целосно. Терористот ја активирал, но не пукнала како што треба. 

Најверојатно се работи за  Ibrahim Abdeslam, 31-годишниот џихадист кој сееше страв и смрт, но нема официјални податоци.

 
 
21.11.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега