Зидан го чека киксот на Бенитес?

Еден од најдобрите фудбалери во претходните три децении Зидан би можел да биде следен предводник на Реал Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Зидан е главен кандидат да го замени Рафаел Бенитес, во случај шпанскиот стручњак да пропушти да победи во „ел класико“.

Реал Мадрид заостанува три бодови зад Барселона во пресрет на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, а евентуалниот пораз Бенитес би можел да го чини отказ.

Зидан во сезоната 2013/14 беше асистент на Карло Анчелоти со кој ја совои Лигата на шампиони.

Од летото 2014 ја води Кастиља, реаловиот Б тим кој игра во третата шпанска лига.

 
 
20.11.2015 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега