ВИДЕО: 600 терористи убиени во руски напади со крстосувачки ракети

Руските војници на бомбите пишуваат: „За нашиот народ“ и „За Париз“.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу објави дека  денеска руската флота на Каспиското море лансирала 18 ракети кон 7 цели на ИД во Рака, Идлиб и Алепо.

-Исламска држава претрпува огромни загуби како резултат на руската офанзива, а податоците на терен покажува дека протекот на терористите што пристигнуваат во Сирија е намален, додека сè повеќе и повеќе милитанти бегаат од воената зона и се упатуваат на север и на југозапад, појаснил Шојгу.

Во текот на изминатите четири дена руските воздушни сили спроведоа 522 мисии, фрлајќи повеќе од 100 крстосувачки ракети и 1.400 тони бомби од различни видови, рече министерот.

Тој додаде дека во напад со повеќе крстосувачки ракети во провинцијата Деир ез-Зор се убиени повеќе од 600 милитанти,како и бројот на авионите што учествуваат во операцијата е двојно зголемен и сега се состои од 69 авиони што дневно вршат по 143 мисии.

Имено, започната е соработка и помеѓу руската армија со своите француски колеги.

Министерството за одбрана објави видео снимка на која се гледаат руски војници во воздухопловната база Кмеимим во Сирија како пишуваат „За нашиот народ“ и „За Париз“ на бомбите што подоцна ќе им ги фрлат на терористите.

 
 
20.11.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега