Анонимуси им објавија војна на муџахедините во БиХ: Посилни сме од вас
Хакерската група Анонимуси објави ново видео преку кое најавуваат дека доаѓаат во Босна и Херцеговина, откако во терористички напад се убиени двајца војници.
Во сараевската населба Рајловац пред два дена Енес Омерагиќ уби двајца војници, поради тоа Анонимуси се кренаа на наозе и им објавија војна на муџахедините.
„Здраво. Ние сме Анонимуси. Како што знаете и објавивме војна на Исламската Држава во Франција, а сега доаѓаме во Босна и Херцеговина. Слушнавме дека таму имаше терористички напад и сега ќе се бориме против муџахедините и групите кои ја поддржуваат ИД. Вашето име, муџахедин, се преведува како војник, но вие не сте војници“, велат Анонимуси и додаваат:
„Нашите напади ќе бидат најмоќни до сега. Во овој момент не и објавуваме војна само на ИД, туку и на сите терористи кои и штетат на општеството. Ќе ве запреме бидејќи сме посилни од вас“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа