ВИДЕО: Хаос во Косово - политичката сцена на чекор до граѓанска војна

Хаос во Приштина. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите продолжуваат.

Приштинската политичка сцена е на чекор до граѓанска војна тврдат за Спутник албанските аналитичари, кои сметаат дека ова  е представа за меѓународната заедница убедени се Србите од Косово.

Бомби, судири со полицијата и опозицијата, солзавци и апсењ. Приштинскиот парламент во последните месеци повеќе личи на воен полигон, отколку на демократска институција. Судирите на опозицијата и властите на Косово кулминираа по три месеци, но и апсење на пратениците на радикалната политичка опција “Самоопределување”, кои го предводат целиот процес. Дека ситуацијата е сериозна, докажува и циркуларното писмо кое кружи внатре во мисијата на меѓународните заедници упатено до вработените, во кое им се советува да избегнуваат мешање но и непотребно шетање по Приштина. Депешот со оваа содржина последен пат добија меѓународните структури на Косово на 17 март 2004 година.

 
 
19.11.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега