Запалиле гуми на кејот на Вардар

Инспекциските служби на Град Скопје денеска на кејот на Вардар, во близина на мостот каде се влива Серава во Вардар, забележале оган на отворено што го предизвикале непознати лица кои палеле гуми.

Како што информираат од Градот, Инспекторатот веднаш интервенирал на терен и е повикана Противпожарната бригада која го изгаси пожарот.

- Ваквите активности на поединци сериозно влијаат за загадувањето на амбиенталниот воздух и се незаконски. Апелираме на одговорно однесување и воздржување од активности кои ја загадуваат животната средина и амбиенталнот воздух, велат од Град Скопје.

 
 
18.11.2015 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега