Тодоров: Потребен е баланс меѓу правата и обврските на докторите и пациентите

Секој во оваа држава знае дека ниту докторот не може да се однесува спротивно на законот, а ниту пациентот може да се однесува спротивно на законот и да го нападне докторот, подвлече министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашното гостување на емисијата „ Од наш агол“ на МТВ.

-И едните и другите треба да работат во околина во која што меѓусебно ќе се почитуваат, пациентот да го почитува докторот,а докторот пациентот, заклучи Тодоров, а тоа подразбира баланс меѓу правата и обврските на докторите и пациентите. 

Министерот зборувајќи за немилите случувања во Гевгелија и во скопската Клиника, истакна дека екстремите на поединци по дефиниција не се добри и истите треба да се избегнуваат, а она што е најбитно е дека екстремите не се дефиниција на системот.

 
 
17.11.2015 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега