Анонимуси собори над 5.500 налози на Твитер на ИД

Хакерската група Анонимуси денеска соопшти дека соборила повеќе од 5.500 налози на Твитер на Исламска држава.

- Нашата способност да ја собориме ИД е директен резултат на нашите хакери, минери на податоци и шпиони кои ги имаме низ цел свет. Имаме луѓе кои се многу блиски со ИД на терен, изјави портпаролот на Анонимуси, Алекс Паучер.

Тој додаде дека хакерската група изградила инструменти кои „би можеле да бидат подобри отколку средствата на која било светска влада во борбата против ИД“.

Паучер наведе дека е свесен оти и ИД има свои хакери, но оти немаат такви хакери какви што има Анонимуси

 
 
17.11.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега