Вонредна вест: Одложен мечот Германија- Холандија, стадионот се евакуира!

Вечерашниот меч кој требаше да се игра во Хановер помеѓу фудбалските селекции на Германија и Холандија е одложен, велат последните информации кои ги лиферуваат светските медиуми.

Поради стравот од нови терористички напади на спортските терени по масакрот во Париз, и покрај најавите дека дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, последните информации говорат дека мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.

Попладнево на улица во центарот на Хановер беше оставена торба што крена паника меѓу граѓаните, а германската полиција најави дека во текот на ноќта ќе излезе со официјално соопштение за причините за ваквата одлука.

 
 
17.11.2015 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега