ФОТО: Село Бардовци ќе добие нов модерен плоштад

Во село Бардовци почна изградба на плоштад кој воедно е инвестиција на Владата на Република Македонија преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство.

Овој плоштад ќе има околу 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со клупи, фонтана и игралишта за деца. Покрај изградбата на плоштадот, ќе се асфалтираат и неколку улички во село Бардовци.

plostad1

На настанот присуствуваше премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалниците на Скопје и на Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директори на јавните претпријатија на Град Скопје (ЈСП „Скопје“, Водовод, Скопски катастар), претседателот на Владата ги слушаше потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, а неговите соработници ги земаа нивните податоци за да ги контактираат. 

plostad5

Груевски истакна дека Владата преку Програмата за рурален развој инвестира во сите општини во Република Македонија  за изградба на водоводи, канализациски мрежи и други инфраструктурни проекти кои им се најпотребни на граѓаните. 

plostad2

plostad4

 
 
17.11.2015 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега