Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција утре во Скопје Сити мол

По повод Светскиот ден за хроничната опструктивна белодробна болест - ХОББ 2015 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје утре организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција. Прегледите ќе се извршат во период од 10 до 13 часот во Сити мол.

- Со овој настан сакаме да се испрати  порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.  Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. 

 
 
17.11.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега