Идентификуван херојот кој ја спаси бремената жена

Човекот кој спаси бремена жена од прозорот на Батаклан, во кобната ноќ, е идентификуван како Себастијан, пренесе Guardian.

Неидентификуваната жената која очајно барала помош е спасена.

Како што пренесуваат медиумите, жената викала: „Помош, помош, трудна сум, помош!“

„Ги молеше луѓето да ја фатат ако скокне, меѓутоа таму беше хаос. Бевме 15 метри над земја. Се држеше пет минути, а потоа ме замоли да ја вратам внатре. Не знам каде замина после, но јас се вратив во моето ’скривалиште’, местото кое сметав дека е безбедно. Но, пет минути подоцна почувствував калашников на ногата и терористите викаа ’Излези оттаму, легни на под“, раскажа Себастијан.

 
 
17.11.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега