Либан не врати во реалноста - Македонија поразена на Филип Втори

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да прикаже уште една добра игра по триумфот пред пет дена над Црна Гора, откако попладнево на „Филип Втори“ загуби од Либан со 1:0.

Решавачкиот момент се случи на почетокот на второто полувреме преку Џоан Омари кој при една нафрлена топка го искористи „киксот“ на голманот Столе Димитриевски и несмасната интервенција на Иван Тричковски по што  од пет-шест метри непречен од никого со глава го погоди празниот гол.

Ниту поголемиот посед на топка и поголемиот број корнери не помогнаа избраниците на Игор Ангеловски да го избегнат поразот кој можеше да биде поубедлив доколку Либанците ја искористија големата шанса во судиското надополнување.

И Македонија во судиското надополнување имаше шанса преку капитенот Ванче Шиков, но мрежата на гостите остана зачувана.

Воедно ова е прв пораз за „црвено-жолтите“ под водство на селекторот Игор Ангеловски. 

 
 
17.11.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега