Русија жестоко возвраќа: Нови напади врз ИД

Во текот на последните неколку часа Русија извела значителен број воздушни напади врз упориште на Исламска држава во Сирија - градот Рака, изјави американски официјален претставник, цитиран од француските медиуми.

Русите за тоа претходно ги информирале Американците. Можно е нападите да биле изведени и со стрелање ракети од море и со бомбардери со голем опсег на дејствија.

Франција, исто така, ја бомбардира Рака во текот на изминатата ноќ, вторпат во последните 24 часа.

Истовремено, воената коалиција предводена од САД, извела 23 воздушни напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак, вклучувајќи и нафтени инсталации, што групата ги користи, информира командата на операцијата, цитирана од британските медиуми.

Во шест напади во близина на три сириски града погодени биле борбените позиции и нафтената инсталација кај Абу Камал, како и три нафтени инсталации кај Деир аз Зур.

Во Ирак, пак, во 17 напади крај шест града погодени биле мноштво цели, вклучувајќи и борбени позиции, патишта, тактички позиции и штаб на ИД во Синџар.

 
 
17.11.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега