Откриена стратегијата: Зошто Исламската Држава ќе пропадне?

По деструктивните акции на џихадистите, многумина граѓани се шокирани, бидејќи сето тоа е против нивните вредности на толеранција и демократија.

„Што сакаат џихадистите? Зошто се брутални, зошто беа во Париз? Како да се запрат? Колку долго ќе издржат?“, тоа се дилемите на западот, но и џихадистите има за што да се грижат, пренесува BBC.

Бруталноста оддалечува

Илјадници граѓани останаа да живеат во источна Сирија, но стотици илјади Сиријци секојдневно мигрираат во Европа. По падот на Мосул, т.н. Исламска Држава научи многу важна лекција за управувањето. Џихадистите знаеа дека Талибанците во Авганистан и административците од Пакистан, не успеа да ја задржат популарноста и ја изгубија поддршката. И во двете држави луѓето се надеваа дека Талибанците ќе понудат некоја алтернатива за политичката корумпираност, но поради големата бруталност, ја изгубија поддршката од базата.

Револтирани од дисфункционалноста на судскиот систем, луѓето се надеваа дека Талибанците ќе им понудат брза правда, но тоа не се случи. Новите религиски судови, направени за болна едукација, потфрлија со пресудите.

Локалните административци ги убедуваа трговците дека тие ќе можат да си го водат бизнисот во безбедна околина, но тие ветувања џихадистите не ги исполнија. Освен тоа, лидерите се болно едуцирани, па никогаш нема да бидат во можност да управуваат толку добро што ќе пружат добри услуги за граѓаните, пишува BBC.

Бегај или наведни ја главата надоле

Има и други причини зошто ИД би се срушила.

Централната идеја е дека тие кои не се согласуваат со религиските погледи дека вреди да се умре, се отфрлени.

За суни мусмиланите најдобар избор е да ја држат главата доле и да ги слушат лидерите на ИД, но за многумина алтернатива е да избегаат.

„Ние или тие?“

На долг рок џихадистите треба да ги направат муслиманите да се чувствуваат ранливи и отуѓени во западните општества. Според тоа се смета дека националите групи, така алиенирани ќе прибегнат на улица и ќе сакаат таму да бидат забележани. Секој протест ќе им помогне на џихадистите да регрутираат луѓе преку прашањето „Со кој си - со нас или со нив?“

 
 
17.11.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега