Премиерот одговори на молбите – десетчленото семејство доби стан (ВИДЕО)

Илбер Демо ја искористи посетата на премиерот Никола Груевски во Охрид и од него побара решавање на станбениот проблем. Неговото семејство, сочинето од него, неговата сопруга и нивните осум малолетни деца, 15 години помина во дрвена барака, без вода и без струја. Во дотраената барака на улицата „Железничка “ семејството го демнеше опасноста од уривање.

ohrid-stan

 

По налог на премиерот, нивното станбено прашање експресно е решено. Од денес десетчленото семејство почнува нов живот во 45 квадратен стан во Охрид, објави Република.­

Според податоците на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор уште шест охридски семејства, кои живеат во субстандардни услови чекаат вдомување, а нивниот проблем ќе биде решен до Нова година.

 

 
 
17.11.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега