Да го прочитале Куранот немаше да убиваат луѓе: Се спасил од терористите со помош на Библијата!

На социјалните мрежи по нападот во Париз кој го зави светот во црно, се шири приказна која трогна многумина. 

Приказната ви ја пренесуваме во целост:

Припадник на ИСИС застанал автомобил во кој бил христијански брачен пар. 

Припадникот на ИСИС: Дали сте муслимани?

Човекот: Да

Припадникот на ИСИС: Ако си муслиман кажи нешто од Куранот

По ова, човекот од автомобилот цитирал нешто од Библијата, а џихадистите го пуштиле да си оди. 

Кога останале сами жената му рекла: Како можеше толку да ризикуваш. Да дознаеја дека читаш од Библијата ќе не убиеја.

Мажот на тоа одговорил: Да го прочитале Куранот, не би убивале луѓе. 

Оваа приказна носи јасна порака: ИСИС не е Ислам, тероризмот не е религија!

 

 
 
17.11.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега