Цистерна се преврте пред Катланово - нафта тече по автопатот

Утрово околу 10 часот на автопатот Скопје – Велес кај Катланово се преврте товарно моторно возило -цистерна на „Оилко“. По сообраќајницата е истурена нафта, која сѐ уште тече.

28920871

Нема повредени во сообраќајната несреќа, потврдуваат од СВР Скопје.

Сообраќајот се одвива нормално по една коловозна лента.

Полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат причините за несреќата.

 
 
17.11.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега