Трговскиот центар Палма Мол Тетово - веќе 10 години успешна приказна

Уникатниот повеќенаменски трговски центар Палма Мол Тетово, кој пред десетина години ја започна својата приказна како мала продавница, денес претставува успешен трговски центар, изграден според светски стандарди, распространет на 32 илјади m². Всушност, новиот трговски центар е проширување на објектот на поранешниот Сити центар Тетово кој работи од 2005-та, а продажниот простор на истиот е тројно зголемен. Идејата за ројното проширување на постоечкиот објект постојниот Сити центар Тетово произлезе од потребата на жителите на Тетово и пошироко, за објект со голем број содржини. 

Реномираните продавници, секојдневната забава, рестораните и игротеката се само дел од содржините кои се наменти за сите возрасти и кои го прават Палма Мол Тетово едно од најпосетуваните места во Западна Македонија. 

Дополнителен куриозитет исто така е бесплатниот паркинг како и работно време на трговскиот центар, кој е предвидено да функционира од 10 часот наутро па се до 22 часот и тоа 365 дена во година, а со таквото работно време тетовчани и околината ќе можат да ги завршат своите обврски во тековниот ден.

Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Ramstore, Lc Waikiki, Sport Vision, аптека Kemopharmacija, LTB Jeans, DM, Мy Time, Shatzi, Alexia accessories- како главен франшизер на познатиот грчки бренд Axel, Lost collection, Swatch, Tudors, Penti, Prosvetno Delo, Doka Shoes, IL Camino, Paolo Boccelli, Big Star, Ideal home- продавница за текстил, теписи и мебел, Coincasa, Factory Mebel, Flormar, Swarovski, Vasidora, Toy Story- најголемата продавница за детски играчки и додатоци, Palma Trade- голем салон за бела техника, ресторан Emporium, фаст фуд корнер- со разни видови на брза храна и Aksaray најпознатата слаткара во градот, Happy Star Playground- најголема игротека со површина над 800 м2 , кино 7D cinema и уште многу други места за забава од сите возрасти.

Во меѓувреме во Палма Мол Тетово се отвори уште една продавница со над 800м2, Casa Mia furniture- специјализирана за луксузен мебел, , каде посителите ќе можат да уживат во нивната уникатна понуда.

Во наредниот период спортскиот гигант Intersport, како и светските брендови Lacoste и Gant ќе станат дел од Палма Мол Тетово. 

Фаст фуд корнерот наскоро ќе  добие освежување со отварањето на нова гостилница, во која посетителите ќе можат да уживаат во традиционалните босански специјалитети, а до крајот на месец ноември планирано е отварање и на Lounge bar кој на гостите ќе им понуди врвен и пријатен ентериер. 

Палма Мол Тетово е уште еден придонес за економскиот развој во државата, а вработувањата кои ги донесе овој трговски центар имат огромно влијание на подобрувањето на состојбата во регионот. Ваков објект им недостигаше и на граѓаните и на околината на градот Тетово, а во имзинатите 10 години Палма Мол Тетово докажа дека со добар менаџмент, кој успеа да се соочи и да ги надмине сите проблеми, може да се изгради успешна приказна и со вакви капитални инвестиции и проекти кои  имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните и од овој дел од Македонија и да понудат содржини кои ги надминуваат границите на традиционалниот шопинг.

Маратонски шопинг, Домаќинка на месецот, настани за Новогодишни и Божиќни празници, Роденденска недела, Late Night Shooping и многу други настани, ги одбележаа изминатите години во Палма Мол Тетово, а до крајот на оваа година се планирани уште неколку активности и настани по повод Новогодишните и Божиќни празници, за кои наскоро ќе бидат објавени и деталите. Со цел да го големи задоволството на купувачите, манаџментот на трговскиот центар планира да продолжи со спроведувањето на ваков тип на настани и во иднина.

Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани детски лица и задоволни купувачи, е сликата која секојдневно може да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Западна Македонија, а заслугата за целиот успех Палма Мол Тетово им ја посветува токму  на своите купувачи, како најзаслужни за достигнувањата.

 
 
17.11.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега