Злато вредно 18 милиони евра секоја година завршува во канализација

Количината на злато што завршува во канализација - златни заби, бурми и друг накит, може да се спореди со количината на злато што се пронаоѓа во рудниците.

Така е барем во Британија, каде секоја година во канализација завршува злато вредно над 18 милиони евра.

Хејзел Причард, геолог од Универзитетот Кардиф која учествувала во истражувањето, е изненадена од наодите.

Таа вели дека во канализацијата златото е застапено во количина од три дела на милион. За споредба - рудниците за злато се сметаат економски исплатливи ако во нив металот е застапен од еден до три дела на милион.

„Предноста на канализацијата е во тоа што не е потребно да се копа (се заштедува) и не се загадува околината“, навела Причард.

Д-р. Причард сака да работи на развој на ефективни методи за вадење злато од милта од канализациите.

 
 
17.11.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега