Дигестивна хирургија треба да продолжи со редовна работа
ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија од денеска треба да продолжи со редовна работа.
Лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија на 11-ти ноември едногласно одлучи дека тој ден и следните два (12 и 13 ноември) нема да оперираат елективни случаи и да врши елективни амбулантски прегледи, а итните случаи соодветно ќе ги згрижува.
Како причина за тоа го наведоа нивниот револт и разочараност поради обидот за убиство на нивниот колега на 9 ноември на неговото работно место, реакциите на јавноста, повиците за линч на лекарите и ширењето лажни информации.
16.11.2015 - 08:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа