Го фатиле 996 пати без возачка зад волан

Хрватската полиција еден 45-годишен човек досега 996 пати го фатила да управува со автомобил, иако никогаш не положил возачки испит.

Како што пишува „Вечерњи лист“, досега, според неофицијални податоци, тој предизвикал четири сообраќајни несреќи, а два пати се трезнел во полициската станица откако бил уапсен како вози пијан.

Портпаролката на Полициската осјечко-барањска управа изјави дека полицијата таквите прекршоци може да ги евидентира и достави до Прекрошчниот суд, кој потоа ја одредува казната.

Возачката дозвола, секако, не може да му се одземе затоа што ја нема. Законски, можно е да се одземе автомобилот, но тоа не гарантира дека нема да набави нов и повторно да седне зад волан, објасни таа. 

најчитано сега