МАН: Канцелариите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија се покровители на притисоците врз новинарите

И во последниот извештај на Европската комисија за Македонија видна е лошата информираност за состојбите во медиумите, особено за вршењето притисоци, закани и напади врз новинари и медиуми.

Спротивно на поглавјето од Извештајот за медиуми каде претставници на ЕУ за Македонија информираат дека притисоци се вршеле врз двајца новинари блиски до опозицијата, јасно е дека во Македонија најмногу притисоци преку тужби, физички напади, јавни закани и попречување во професионалната работа вршат СДСМ и активисти на Сорос и нивни ограноци.

Охрабрени од овој тенденциозен и заштитнички став од Европската унија кон нив активистите на СДСМ и фондацијата Сорос овие денови презема нови форми на притисоци.

Џабир Дерала и неговата невладина Цивил поднесоа тужба против новинари од телевизија Сител за информации кои се темелат на официјални податоци.

Активисти на СДСМ објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваат со физичко насилство врз новинари од порталот.

Поради нивниот заштитнички и тенденциозен однос, канцеларијата на ЕУ и на ОБСЕ во Македонија ги сметаме за соучесници и покровители на притисоците, насилството, заканите и попречувањето во професоналното работење на новинари од страна на СДСМ и Сорос и нивните ограноци.

(Интегрален текст од писмено соопштение на Македонската асоцијалција на новинари)

 
 
12.11.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега