Истражувањето покажа: Еве зошто не сте среќни

Дански институт за истражување на среќата, спроведе анкета според која луѓето се посреќни доколку не ја користат социјалната мрежа Facebook, изјави денес директорот на институтот Меик Викинг.

„Ја избравме Facebook бидејќи е социјална мрежа која најмногу се користи“, рече Викинг и додаде дека испитаниците биле поделени во две групи, оние кои користат Facebook и оние кои нема да ја користат социјалната мрежа недела дена.

Речиси 90 проценти од испитаниците, кои апстинираа од Facebook, рекоа дека се чувствуваат посреќно, додека во друга група среќни биле само 81 проценти.

Оние кои не користеле Facebook наведоа дека повеќе уживаат во вистинскиот живот.

 
 
11.11.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега