ФОТО: Протестот на средношколскиот пленум во Битола доживеа фијаско

Едвај стотина луѓе и функционери на СДСМ од вкупно 4 100 средношколци во Битола на денешниот протест на пленумот кој доживеа фијаско.

Денес средношколскиот пленум која дејствува како продолжената рака на СДСМ и кој целосно логистички е поддржан од оваа партија повика и организираше протест во Битола со цел укинување на екстерното тестирање. На протестот излегоа едвај стотина луѓе, меѓу кој имаше поддржувачи и функционери на СДСМ како и повеќе возрасни луѓе, што говори дека „фингерајот„ со денешните протести доживеа фијаско.

Имено СДСМ на сила сака да создаде перцепција на постоење на огромно незадоволство за екстерното тестирање во ситуација кога Владата и официјално најави дека ќе се разговара и разгледува можноста за корегирање и унапредување на стариот систем и фактот што оваа година повторно средношколците ќе се тестираат според стариот модел.

Првобитно тоа беше и барањето на пленумот, но потоа тие рететираа во ставовите и побараа укинување на есктерното што е неколку чекори наназад и јасно ја отцртува идејата за политизирање на целокупниот образовен процес. Денес излегоа на улица едвај стотина луѓе од вкупно 4 100 средношколци колку што има во Битола.

Дополнително на самите протести можеа да се забележат и лица од актуелното раководство на СДСМ Битола што јасно докажува дека пленумот не е ништо друго туку партиска испостава на СДСМ.

Меѓу тие кои излегоа да протестираат е и Благојче Котевски советник на СДСМ во Советот на Општина Битола, претходно претседател на огранокот на НСДП, до него е и Литовски Александар член на општинската организација СДСМ Битола.

На протестот е и поранешниот градоначалник на Битола Деан Ристевски кој доаѓа од коалицискиот партнер на СДСМ, ЛДП.

 
 
11.11.2015 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега