Милошоски: Најдоброто нешто што го имаат новите министри во МВР и МТСП се замениците министри Чавков и Спасов

Денес на 76-та седница на Собранието на Република Македонија продолжи донесувањето на пакет законите кои треба да овозможат спроведување на договорот кој го постигнаа политичките партии во јуни и јули. Имено, на денешната седница пред пратениците се законите за избор на нови членови на Владата и избор на заменици министри во Владата на Република Македонија.

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, по повод изборот на новите заменици министри пред се во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика посочи дека Митко Чавков и Диме Спасов се најдоброто нешто што новите министри го имаат во овие министерства.

-         

Замениците министри, посебно во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика се најдоброто нешто може да му се случи на секој министер кои што случајно или намерно се нашол на челна позиција во овој момент на овие позиции од СДСМ. Министерот за внатрешни работи, тоа што го има најдобро во неговото министерство е Заменик министерот Митко Чавков, кој што ги има поминато сите инстанци во МВР и покажа дека има капацитет да се носи со одговорноста на ова клучно министерство во многу неповолни околности и во многу околности кои што се под влијание на странски фактори, на глобални движења и на други одредени предизвици и проблеми со кои што и самиот министер наскоро ќе може да се запознае.Најдобрата работа која што новата Министерка за труд и социјална политика ја има во своето министерство е Заменик министерот Диме Спасов ,кој што и покрај тоа што е припадник на генерација помлада од неа, сепак е човек кој што многу вложи, ги знае многу добро и политиките и приоритетите и предизвиците во Министерството во труд и социјална политика и се надеваме дека соработката ќе биде во интерес на граѓаните и на сите оние кои што спаѓаат во надлежност на ова министерство.

-         

Министрите и Замениците министри, предложени од страна на СДСМ не ги гласаме затоа што немаме резерви кон нивната ориентација или немаме резерви кон нивната политичка воља и намера да предизвикуваат одредени нелагодни ситуации во овие министерства.

Милошоски исто така нагласи дека од денес СДСМ е една хибридна опозициона партија и дека сценаријата кои што СДСМ ги планираше не се остварија.

-         

Оваа политичка ситуација од денес па натаму нема да имаме ниту класична опозиција дидејќи од денес понатаму СДСМ е една хибридна опозициона партија.

-         

За малку власт имаат малку повеќе почит кон институциите. Пред скоро две години, април 2014 година ја започнаа политичката криза во моментот кога го слушнаа резултатот од изборите. Таа политичка криза нанесе голема штета на Република Македонија, на нашиот меѓународен имиџ, на стопанството, на сигурноста и на чусвството на самите граѓани. Пред 9 месеци дополнително ја засилија таа политичка криза со своите прес конференции и со своите политички настапи во кои што ултимативно настапија со две цели. Едната цел е падне Владата на ВМРО-ДПМНЕ за три дена и втората цел која си ја поставија е да има изјештај од Европската Комисија во која што ВМРО-ДПМНЕ како носечка политичка партија која што доби препораката од ЕУ, истат ќе биде доведена во ситуација да ја изгуби. Ниедна од целите не е остварена, владејачката коалиција продолжува понатаму, и овој политички товар кои што го превземаме денес е помалата штета во споредба со онаа поголемата која што можеше да ни се случи доколку не беше спроведен и постигнат политичкиот договор од јуни/јули  оваа година.

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски порача дека не очекуваат СДСМ да ја вратат демократијата која што веќе е во рацете на граѓаните и исто така дека таквото очекување е како затајувачот на данок да го врати затаениот данок.

-         

СДСМ со своето учество во власта не очекуваме како што тврдат тие дека ќе ја врателе демократијата во Република Македонија бидејќи демократијата граѓаните веќе ја имаат во свои раце и слободно ја изразуваат на секои избори. Да очекувате СДСМ да ја врати демократијата е како да очекувате затајувачот на данок да го врати затаениот данок. Но, како и да е овој политички договор сметаме дека и кај СДСМ ќе побуди еден интерес и посветеност кон заедничките интереси да имаме фер и демократски избори, избори кои што СДСМ ќе ги прифати без да ги оспорува на штета на државата во април следната година.

-         

Ние сме свесни и ја прифаќаме реалноста дека она што беше политичка напнатост надвор од институциите  на Република Македонија, од денес  натаму може да се префрли и да се одрази како политичка напнатост внатре во институциите.  Тоа ќе даде добра прилика граѓаните да можат да оценат кои и на каков начин се однесува, кои и колку му значи државата, партијата, власта, граѓаните, интересот на цела Република Македонија.

    

 
 
11.11.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега