Исполнето уште едно барање на граѓаните: Ќе се пролонгираат роковите за легализација на дивоградбите

Владата нуди нова можност за граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.

На последната седница беа изготвени измени на Законот, со кој се предлага продолжување на рокот за комплетирање на поднесената документација, како и нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти.

Mинистерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, денеска информираа дека со измените се предлага рокот за поднесување барања да продолжи до 31 март 2016 година, а за оние кои веќе имаат поднесено барање да можат да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.

-Целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти, истакна Мисајловски.

Првичниот рок за доставување на геодетски елаборати истекуваше на 31 декември оваа година.

Министерот Мисајловски потенцираше дека ова е барање од граѓаните и очекува голем број нови барања за легализација на дивоградби.

Трпевски информира дека во првичниот рок за поднесување барања за легализација на дивоизградени објекти беа доставени 360.000, од кои за 175.000 се поднесени елаборати, а запишани во катастарот и легализирани се 135.500 барања.

 
 
11.11.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега