ВИДЕО: Рускиот гениј: Ова е човекот кој ја реши нерешливата светска мистерија и потоа исчезна!

За речиси 100 години, Поенкаеровата хипотеза останале нерешлив проблем на математиката - најголемите умови на Земјата се сопнувале од неа. Поенкаеровата хипотеза е проблем кој ја опфаќа геометријата на мултидимензионалниот простор и би помогнала да се објасни обликот на нашиот универзум.

Затоа, кога Григориј Перелман, руски математички гениј, ја реши во 2002. година, луѓето биле шокирани. Но не е само фактот дека конечно ја решил равенката која ги збунуваше луѓето.

По решавањето на Поенкаеровата хипотеза, Перелман побегнал од признанието и богатството кое му следело со решавањето. Без оглед на неговата желба да живее повлечен живот, математичарите му доделиле наградата во 2006. година и тоа најголемата во областа на математиката „Филдсковиот медал“. Секако, тој наградата ја одбил - единствена личност која направила такво нешто уште од почетокот на наградата во 1924. година. Тој исто така одбил и да предава на Беркли и Принстон.

Било тоа време кога Григориј целосно се откажал од математиката и се вратил да живее со неговата мајка, живеејќи од нејзината пензија. Иако успеал да остане надвор од центарот на вниманието неколку години, светот никогаш не го заборави човекот кој го реши нерешливиот проблем на математиката.

Четири години подоцна, тој направи нешто уште побизарно. Во 2010 година „Клеј математичкиот универзитет“ му ја понуди на Перелман првата милениумска Клеј награда во вредност од милион долари.

Можете да погодите што направил тој? Повторно, тој ги одбил парите, изјавувајќи:

- Јас знам како се контролира универзумот. Зашто би трчал да земам некои милион долари, кажете ми?

Некои веруваат дека полудел за време на решавањето, додека други мислат дека причината за неговото неочекувано повлекување од математиката има врска со неговата фрустрација кон академската заедница.

Неговата последна позната локација е некаде во Шведска, каде се, наводно, преселил со својата мајка и полусестра во 2014 година.

 

 
 
11.11.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега