Британка и нејзин пријател беа смачкани од камења кај водопад во Бугарија

 

Четириесет и петгодишната Катја Павлова, Британка со бугарско потекло, останала мртва на лице место кога била затрупана со карпести камења. Во моментот на страшната несреќа, таа се обидела да се слика пред Крушунските водопади на северот од Бугарија.

Покрај мајката на две дечиња, настрада и 56 годишниот нејзин пријател од Велика Британија.

Камењата погодиле уште една жена, но таа успеала да се извлече од лавината.
Спасувачите им требало 48 часа да ги извлеат смачканите тела.

Виктор Џонев, сопственик на гостилница во близина на водопадот, изјави дека не знае што ја предизвикало лавината, но дека пред неколку години се случил сличен инцидент.

Времето беше идеално. Сонцето сјаеше и не паѓаше дожд. Не разбирам што тргна наопаку“, изјави Џонев.

Според неговите зборови комшивката на Катја од Лондон, нејзиниот сопруг и децата отпатувале во Бугарија штом слушнале што се случило.

„Не можеме ни да замислиме колку е ова страшно за нејзиното семејство. Сите сме во шок“, изјави една од комшивките.

Крушунските водопади се најголемите во Бугарија.

 
 
10.11.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега