Попоски на сесија во Европскиот парламент за миграциите

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана на претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Елмар Брок, денеска во Брисел ќе учествува на сесијата посветена на миграциите низ земјите од Западниот Балкан.

Како што соопшти МНР, покрај членовите на Комисијата за надворешни работи на ЕП, на состанокот е предвидено учество на претставници на парламентите на земјите-членки на ЕУ, владини претставници на  Република Србија и Република Турција, како и  претставници на европските институции и меѓународни организации.

На состанокот се очекува министерот Попоски да има свое обраќање во кое ќе ги претстави активностите што Република Македонија ги превзема во справувањето со мигрантската криза и тековните предизвици на тој план.

На маргините на сесијата, се очекува министерот Попоски да има средби со неколку членови на Европскиот парламент. 

 
 
10.11.2015 - 08:24
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега