Хорор атмосфера во Ѓорче Петров - подруми улици автомобили потонаа под вода

Невреме проследено со поројни дождови и силен ветер кое ја зафати вчера општината Ѓорче Петров направила големи штети, информираат од Општината.

Од Општината информираат дека се поплавени подрумите на многу станбени објекти, искршени се дрвја и затнат е дел од кенелизацијата. Екипи од општината веднаш излегле на терен за расчистување на штетите на главните сообраќајници и собирни улици. Општината формирала и комисија која веднаш излегла на терен за да ги констатира  штетите од невремето на лице место и да изврши проценка на истите. 

најчитано сега