Мисајловски: Инфраструктурата во Р. Македонија е раздвижена, изградени се многу патишта

Инфраструктрурата во Р.Македонија е раздвижена, изградени се многу патишта во, моментално се работи на три автопати, а до 2017 година е планирана изградба и санација на уште многу патишта ширум целата држава.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека во моментов се работи на автопатот Демир Капија-Смоквица 28 километри, а нови автопати се градат во правец Миладиновци-Штип, 47 километри и автопатот Кичево-Охрид 57 километри.

-Моменталано се работи на делницата Велес-Катланово која е во завршна фаза и околу 95% од работите се завршени и до крајот на годината ќе ја пуштиме, рече Мисалјовски.

Тој посочи дека  планирани автопати за изградба се автопатите Смоквица-Гевгелија за кој веќе е распишан тендер 10,15 километри, Куманово-Миладиновци 23 километри распишан тендер, Требениште -Струга ќе започне изградбата од 2016 година, Гостивар-Кичево нов автопат 42 километри кој ќе се прави со јавно-приватно партнерство, во завршна фаза е проектирањето.

-За автопатска делница Скопје-Блаце, Р.Македонија доби 1 милион евра грант за изработување на основен проект и визибилити студија. Рехабилитација на автопатска делница Неготино-Демир Капија 8 километри е предвидена за 2017 година , јас сум убеден дека ќе ја почнеме најверојатно и следната година, рече Мисајловски.

Посочи дека целосно е реконструиран регионалниот пат Маврово-Маврови Анови во   должина од  6 километри,а завршен е и патот кон манастирот Зрзе во должина од 7,5 километри .

-Патишта во моментална изградба се Скопје-Сончев град во должина од 4,4 километри, регионален пат Опај –Белаковце-Станчич, граница со Косово должина од 16 километри кој треба да го завршиме во 2016 година, изградба на експресен пат Велес –Кадрифаково кој моментално се работи 26 километри , Битола –Ресен-Буково 27 километри, Мокрино –Смолари 4 километри , Нов Дојран –Николич  6 километри , Тетово-Брвеница-Чегране –Гостивар 16 километри кои моментално се работат, наброи Мисајловски.

Министерот посочи дека според предвидената програма планирани патишта за изградба се Клепач-Новаци  кој пред неколку дена започнал да се гради  во должина од 19,3 километри, Бошков мост-Дебар , Делчево -Голак, Мелнички мост –Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани -  Обршани –Вољени, Кочани-Делчево, Градско-Прилеп, Охрид –Пештани, Штип-Кочани, Штип –Радовиш, Ранковце-Крива Паланка, Пробиштип –Скиценатар Пониква , Крива Паланка-Македонка Каменица, Старо Коњарево-Ново Коњарево , Кичево-Дебар и многу други.

 
 
06.11.2015 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа