Претседателот Иванов го поздрави финализирањето на договорот од Пржино

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја поздрави искажаната волја од страна на лидерите на политичките партии и постигнатата согласност во насока на имплементирање на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули.

Во писмената изјава, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.

- Резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања. Сите треба да извлечеме поука од оваа епизода и во иднина сите предизвици да ги надминуваме со политички дијалог во институциите на системот, со целосно и безусловно нивно почитување, истакнува претседателот Иванов во писмената изјава. 

 
 
06.11.2015 - 13:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега