Полициските специјалци револтирани - Спасовски се сликаше со терористите во Куманово а не дојде да ги посети повредените полицајци
Огромен револт меѓу припадниците на специјалните единици во МВР откако Оливер Спасовски беше назначен од страна на Заев за прв човек во министерството. Полициските специјалци велат дека не можат да се помират со фактот дека човекот кој отиде да се слика со терористите во Диво Насеље а не дојде во болница да ги посети повредените специјалци, сега треба да го води министерството за внатрешни работи
Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово, каде СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект.
Како генерален секретар на СДСМ, Спасовски воедно е еден од креаторите на сценариото за создавање на алиби за изборен пораз и непризнавање на резултатите од изборите. Исто така името на Спасовски се поврзува со повеќе фирми кои добиваат тендери и влечат пари од општината Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа