Пекабеско донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства
Во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје, Пекабеско подели 27 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства
Во рамките на Facebook акцијата на Пекабеско „Секој твој лајк помага“, компанијата одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Facebook страната на Пекабеско достигна бројка над 50 илјади лајкови, со што беа донирани првите 27 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
Акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на Пекабеско, а на секои нови 10 илјади лајкови ќе бидат донирани пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини, како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.
Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат со лајк на нивната Facebook страна: https://www.facebook.com/Pekabesko
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа