ЕВН најави исклучувања во Скопје - на овие места ќе бидат нивните екипи

 

Без електрична енергија во понеделник (9 ноември) ќе бидат дел од корисниците во скопските општини Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје поради технички зафати во електро - системот без електрична енергија од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на  с.Батинци, дел од с.Љубош во општина Студеничани. Од 9:30 до 15:00 часот корисниците на дел од булеварот „Илинден“ во општина Карпош.

Без струја од 10:00 до 14:00 часот во понеделник ќе бидат и корисниците на улица „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, како и корисниците на улиците „Метохиска“, „Гвадалахара“, „Индира Ганди“ и „Рељо Шестокрило“ во општина Шуто Оризари во периодот од 9:30 до 15:00 часот

 
 
06.11.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега