Кои се новите министри предложени од СДСМ?

На вечерашните преговори меѓу политичките партии било договороено министерството за внатрешни да го предводи Оливер Спасовски од СДСМ, министер за труд и социјала да биде Фросина Ременски од СДСМ, заменик во финансии да биде Кире Наумов, заменик во земјоделие да биде Љупчо Николовски,и  заменик во минситерството за информатичко општество да биде Александар Кирацоски.

Извори на Пресс24 брифираат дека Груевски на преговорите инсистирал Заев да избере политички личности кои ќе сносат покрај морална и правна и политичка одговорност за своето работење. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ според нашиот извор , секако ќе имаат увид и без нив нема да се донесуваат одлуки.

Според извори блиски до преговорите, Заев не се одлучил за Ременски, Зечевиќ и Димовски за одговорната позиција во МВР бидејќи не бил до крај сигурен во нивната лојалност и компетентност. Предлогот Слаѓана ТАсева да седне во оваа фотеља бил сфатен како несериозен.

 

 

 
 
06.11.2015 - 01:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега